АМЕРИКАНСКА СТУДЕНТСКА ВИЗА СО УСЛОВ – Профилите на социјалните мрежи да бидат јавно достапни
Сите кандидати ќе треба да ги направат своите профили на социјалните мрежи јавно достапни, за да може безбедносната проверка да се спроведе непречено.

Американската амбасада во Скопје најави дека повторно ќе започне процесот за издавање студентски визи. Според новите правила, апликантите ќе бидат подложени на темелна проверка, која вклучува и анализа на нивната активност на социјалните мрежи.
„Американската виза е привилегија, а не право. Ќе користиме сèопфатни методи на скрининг за да ги идентификуваме лицата кои би можеле да претставуваат ризик за националната безбедност,“ соопштија од Амбасадата.
Сите кандидати ќе треба да ги направат своите профили на социјалните мрежи јавно достапни, за да може безбедносната проверка да се спроведе непречено.
„Секое решение за доделување виза е и одлука за национална безбедност. Обврска ни е да спречиме влез на лица кои би можеле да и наштетат на Америка или на нејзините граѓани,“ додаваат од Стејт департментот.


