АМБИЦИИТЕ НА РОНАЛДО ПРЕДИЗВИКАА РЕАКЦИИ – Прекумерно барање
Критичарите велат дека барањата го надминуваат статусот на играч

Кристијано Роналдо повторно е во центарот на вниманието на светската фудбалска јавност, овојпат поради условите што ги поставил за продолжување на кариерата во саудискиот Ал-Наср. Според извори блиски до клубот, португалската ѕвезда јасно ги дефинирала своите очекувања за тековната и наредната сезона.
Неговите барања предизвикаа бурни реакции, бидејќи многумина сметаат дека Роналдо бара премногу и дека никој играч не треба да биде поголем од клубот.
За остатокот од актуелната сезона, Роналдо инсистира на целосно враќање на овластувањата на Жозе Семедо и Симао Кутињо, со гаранција дека никој од надвор нема да се меша во нивната работа. Тој бара и поголема финансиска поддршка за клубот, за да може успешно да ги следи поставените спортски цели.
Еден од клучните услови е отсуство на надворешно мешање во управувањето со клубот, што, според извори, било причина за незадоволство во претходниот период. Како капитен, Роналдо бара јасен став на клубот за заштита од постојани напади и притисоци.
За наредната сезона, барањата се уште поамбициозни. Португалецот инсистира на јасна организациска структура, прецизни механизми на поддршка и избегнување на импровизации и неодредени одлуки. Особено нагласува потреба од трансфери на ниво на директни конкуренти, со јасна цел и освојување трофеи.
Роналдо исто така сака да ги задржи веќе стекнатите овластувања во клубот, што предизвика најмногу критики. Многумина сметаат дека ваквите барања ја надминуваат вообичаената улога на играч, без оглед на неговото име и статус.


