АЛБАНСКИОТ ПОЛИИТЧКИ БЛОК СЕ ОБЕДИНУВА – Нов политички субјект на повидок

Процесот на обединување влегува во клучна фаза со конкретни чекори

АЛБАНСКИОТ ПОЛИИТЧКИ БЛОК СЕ ОБЕДИНУВА – Нов политички субјект на повидок
Фото: Национал

Процесот на обединување во рамки на ВРЕДИ влегува во нова фаза, обележана со носење смели и неповратни одлуки. Од коалицијата информираат дека она што досега се сметаше за политичка неопходност, сега добива јасна и конкретна форма, како резултат на заедничката волја за создавање единствен и репрезентативен политички субјект.

Одлуката на Алтернатива да се приклучи кон новиот субјект се оценува како потврда за сериозноста и правецот на процесот. Претходно, кон истиот чекор пристапија и останатите партии од коалицијата, Движењето БЕСА, Демократското движење и Алијансата за Албанците кои ги суспендираа своите партиски структури, испраќајќи сигнал за политичка зрелост и подготвеност за обединување.

Според ВРЕДИ, секој нареден чекор ја зацврстува определбата за формирање на единствена партија, како одговор на барањата за поголемо единство и посилна политичка застапеност. Процесот, како што наведуваат, добива поддршка од граѓаните кои се залагаат за обединета и одговорна политика, додека кај дел од политичките актери предизвикува загриженост.

Од коалицијата потенцираат дека обединувањето произлегува од долгогодишната потреба за консолидирана и достоинствена застапеност, додавајќи дека иднината ќе им припадне на оние кои имаат визија и храброст да ја реализираат.

CATEGORIES
Share This