АЛБАНИЈА ЈА СТАРТУВА „УРАБАНА РЕНЕСАНСА 2.0“ – Ослободување на јавните простори како дел од патот кон ЕУ

Албанскиот премиер Еди Рама ја промовираше кампањата „Урбана ренесанса 2.0“, насочена кон ослободување на окупираните јавни површини низ земјата во рамки на подготовките за членство во Европската Унија до 2030 година.
Кампањата предвидува отстранување на времени објекти, огради и други пречки од тротоарите и јавните простори. Општинските власти интервенираат на терен, а објектите на оние кои не ги почитуваат наредбите се уриваат.
За таа цел е отворена веб-страницата „Мој јавен простор“, преку која граѓаните можат да пријават узурпација на јавен простор – од нелегално градење и паркирање, до физичко и акустично загадување. Досега се поднесени 424 пријави.
Рама ја промовира акцијата и на социјалните мрежи, каде секојдневно објавува снимки од уривање на дивоградби, опишувајќи ја како нова форма на соработка меѓу државата, општините, заедницата и бизнис секторот.
Тој најави дека ова е само првиот чекор во враќањето на просторите на граѓаните и ги повика да пријавуваат злоупотреби преку платформата „Мој јавен простор“.


