АЛАРМ ЗА ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ Стапија на сила итните мерки против загадувањето

Мерните станици регистрираат опасни концентрации на ПМ честички низ земјата

АЛАРМ ЗА ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ Стапија на сила итните мерки против загадувањето
Фото: Национал

По Кичево и Струмица, од денеска итните мерки против аерозагадувањето се активирани и во Скопје. Податоците од мерните станици покажуваат дека дозволените гранични вредности на загаденост се надминати во повеќе скопски општини, како и во други градови низ државата, при што маглата дополнително ја влошува состојбата.

Министерството за животна средина и просторно планирање ги активираше протоколите за заштита на здравјето на граѓаните, со посебен акцент на ранливите категории.

Како една од клучните мерки, Владата ги задолжи работодавците да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години и лицата со хронична астма, како и оние што прележале миокарден инфаркт или мозочен удар, без оглед на возраста.

Пулмолозите апелираат до граѓаните да го ограничат движењето на отворено, доколку немаат итна потреба.

„Најкритични се периодите рано наутро и доцна навечер, кога концентрациите на штетни честички се највисоки. Доколку излегувањето е неопходно, препорачливо е користење јавен превоз“, советуваат лекарите.

CATEGORIES
TAGS
Share This