АЛ-АХЛИ СТАРТУВА ПРЕГОВОРИ СО МЕСИ – Саудиска Арабија повторно се надева на трансфер сензација

Дали Меси ќе се врати во ривалство со Роналдо, овојпат на саудиско тло, останува да се види во наредните месеци.

АЛ-АХЛИ СТАРТУВА ПРЕГОВОРИ СО МЕСИ – Саудиска Арабија повторно се надева на трансфер сензација

Францускиот спортски весник Лекип објави дека саудискиот шампион Ал-Ахли започнал преговори со Лионел Меси, со цел да го привлече еден од најдобрите фудбалери во историјата во своите редови.

Ал-Ахли, кој неодамна го испрати македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски, сака да го засили тимот со Меси и на тој начин да му конкурира на Ал-Наср, клубот на Кристијано Роналдо. Иако во минатото се зборуваше за интерес од Ал-Хилал, сега токму Ал-Ахли, како актуелен победник на азиската Лига на шампиони, презема конкретни чекори.

Меси моментално е под договор со Интер Мајами до декември, по што ќе биде слободен агент. Саудискиот клуб се надева дека ќе ја искористи паузата и ќе му понуди на Меси можност за подготвителен период пред Светското првенство 2026. Лигата во Саудиска Арабија продолжува и по декември, што може да му одговара на Аргентинецот за да остане во форма.

Од маркетиншка гледна точка, ангажманот на Меси би бил огромен потег за целата лига, која веќе ги привлече Роналдо, Бензема, Нејмар и други ѕвезди.

CATEGORIES
Share This