АКО ПЛАТАТА ВИ Е МОТИВ ДА СТАНЕТЕ ПРАТЕНИК Ич не се нафаќајте, работата во Собранието е тешка

Гаши со порака до идните пратеници: Ако главниот мотив ви е надоместокот, пратеничка функција можеби не е вистинскиот избор.

АКО ПЛАТАТА ВИ Е МОТИВ ДА СТАНЕТЕ ПРАТЕНИК Ич не се нафаќајте, работата во Собранието е тешка
Фото: Принтскрин

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во гостувањето во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 зборуваше за предизвиците со кои се соочуваат пратениците и за мотивите поради кои некој би требало да се занимава со политика.

Гаши оцени дека пратеничката функција остава трага врз човекот и по завршувањето на мандатот. Според него, оние кои еднаш биле пратеници може да имаат потешкотии при враќањето во професионалниот живот, бидејќи јавноста продолжува да ги препознава преку нивниот поранешен политички ангажман.

„Во која било професија да се врати, начинот на негово дејствување во јавниот живот продолжува да носи етикета потоа, знаејќи дека оваа личност била пратеник на таа партија и така натаму“, рече Гаши.

Тој направи споредба со професионалните фудбалери, кои активната кариера ја имаат релативно кратко време.

„Тие играат фудбал од осумнаесет или деветнаесетгодишна возраст до триесет и четири или пет и заработуваат огромни суми пари. Но, остатокот од животот мораат да живеат од тие заработки. Сепак, не стануваат сите фудбалери тренери, нели?“, посочи претседателот на Собранието.

Гаши нагласи дека финансискиот аспект не треба да биде главниот мотив за извршување на која било професија, па ниту за функцијата пратеник.

Според него, платата или надоместокот не треба да бидат причина некој да избере одредена професија, туку пресудни треба да бидат интересот и посветеноста кон работата.

„Пасијата, желбата, љубовта кон една работа треба да бидат примарни“, порача Гаши.

CATEGORIES
TAGS
Share This