АКЦИЈА ЗА УРЕДУВАЊЕ НА КЕЈОТ Скопје добива почист Вардар
кцијата е дел од планот за подигање на хигиената и уредување на јавните површини во Скопје.

Екипи на ЈП „Улици и патишта“ – Скопје деновиве спроведуваат интензивна акција за чистење на коритото на реката Вардар. Како што информира претпријатието, во работата е ангажирана целата расположлива механизација и ќе продолжи се додека кејот не биде целосно исчистен.
На терен се забележува комбиниран пристап: машините отстрануваат кабаст и земјан материјал од централниот дел на реката, додека рачните екипи собираат пластичен отпад и ситен смет од косините.
„Во акцијата се вклучени сите екипи на ЈП ‘Улици и патишта’ со целосен работен капацитет. Ќе работиме се додека просторот не биде комплетно расчистен,“ изјавија од претпријатието.
Чистењето е дел од најавената акција за подобрување на хигиената и уредување на јавните површини во градот, иницирана од новоизбраниот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Според најавите, слични активности ќе се спроведуваат и на други локации низ главниот град.

