АКЦИЈА ЗА РАСЧИСТУВАЊЕ Билбордите исчезнуваат од Железничката станица Скопје

Денеска се отстранети билбордите од двете страни на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“

АКЦИЈА ЗА РАСЧИСТУВАЊЕ Билбордите исчезнуваат од Железничката станица Скопје
Фото: Принтскрин

Продолжува акцијата за отстранување на билбордите, рекламните паноа и останатите рекламни материјали од просторот околу Железничката станица Скопје. Како што информира директорот на ЈП „Македонски железници“, Синиша Ивановски, денеска се отстранети билбордите поставени над булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ од двете страни – и од правец на Аеродром и од правец на Центар.

Ивановски преку објава на социјалните мрежи најави дека во наредните викенди ќе продолжат активностите за целосно расчистување на просторот и враќање на првичниот, автентичен изглед на Железничката станица во Скопје.

CATEGORIES
Share This