АХМЕТИ СО ЗАКАНУВАЧКА ИЗЈАВА Ковачки и Бачев со остри реакции

Повиците за разум, смиреност и доверба во институциите доминираат во политичкиот дискурс, во период кога истрагата треба да даде одговори, а не дополнителни поделби.

АХМЕТИ СО ЗАКАНУВАЧКА ИЗЈАВА Ковачки и Бачев со остри реакции

Изјавата на лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, во која тој потенцира дека „доколку излезе на улица, повеќе нема враќање“, предизвика бурни реакции во јавноста и кај политичките чинители.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, му порача на Ахмети дека е легитимно да се протестира, но опасно и неодговорно да се заканува дека „нема да се вратиш од улица“ поради отворање истрага за трагедијата каде загинаа 62 лица. Ковачки го обвини лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дека ја користи трагедијата за политичка заштита на своите соработници и постави прашања зошто Ахмети се плаши од истрагата ако верува во нивната невиност.

Лидерот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, кој е добар познавач на збиднувањата во Татковинската војна во 2001 година, му порача на Ахмети да не помислува за нешто радикално и да не си игра со огин, зашто овојпат нема да си има работа со македонско предавничко раководство како во 2001 кое имаше уставна обврска да ја брани Македонија и не го направи тоа, туку овојпат ќе си има работа со македонскиот народ.

Повиците за разум, смиреност и доверба во институциите доминираат во политичкиот дискурс, во период кога истрагата треба да даде одговори, а не дополнителни поделби.

 

CATEGORIES
TAGS
Share This