АХМЕТИ ПРЕДУПРЕДУВА – Одлуки кои можат да ја дестабилизираат меѓуетничката состојба

кинување на „балансерот“, Законот за употреба на јазиците, намалување на бројот на општински советници и „хашките случаи“.

АХМЕТИ ПРЕДУПРЕДУВА – Одлуки кои можат да ја дестабилизираат меѓуетничката состојба
Фото: Принтскрин

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, преку нон-пејпер до меѓународните партнери предупредува дека одлуките на Уставниот суд можат да ја нарушат меѓуетничката стабилност во земјата. Тој обвинува дека Судот се претвора во параполитичка институција, носи одлуки по етничка линија и го доведува во прашање Охридскиот рамковен договор.

Како проблематични се наведуваат укинување на „балансерот“, иницијативите за Законот за употреба на јазиците, намалување на бројот на општински советници и отворање на прашањето за „хашките случаи“ и Законот за амнестија.

ДУИ претходно побара оставка од претседателот на Уставниот суд и не ја исклучува можноста за кривична одговорност, оценувајќи дека со ваквите постапки се нарушува уставниот поредок.

Ахмети предлага воведување на Бадентеров принцип во Уставниот суд, кој би спречил укинување на закони донесени со двојно мнозинство без ист таков принцип на одлучување.

Во нон-пејперот се предлагаат три клучни мерки како што се избор на влада според Бадентеров принцип, примена на истиот принцип во Уставниот суд и продлабочување на децентрализацијата.

Партијата исто така повторува дека е потребен сеопфатен ветинг во институциите.

CATEGORIES
Share This