АГЕЛЕР: ВАШАТА ЗЕМЈА Е МАГИЧНА – Ние во Америка секогаш ќе бидеме со вас

Три децении дипломатски односи со САД: Агелер ги потенцира конкретните резултати и човечките искуства

АГЕЛЕР: ВАШАТА ЗЕМЈА Е МАГИЧНА – Ние во Америка секогаш ќе бидеме со вас
Фото: Принтскрин

По три години поминати во Скопје, американската амбасадорка Ангела Агелер се прости од македонската јавност со отворено писмо во кое таа испрати јасна порака: поддршката од Соединетите Американски Држави останува цврста, а вербата во граѓаните на Македонија непоколеблива.

Агелер пристигна во земјата како десетта амбасадорка на САД со чувство на голема чест и одговорност. Верата што ја изразила уште на почетокот на мандатот не само што не ослабнала, туку со текот на времето станала уште посилна и потврдена преку средбите, разговорите и искуствата со луѓето низ целата држава.

Во освртот на изминатите три години, таа призна дека сликата е сложена: во некои области има видлив напредок, додека предизвиците во други остануваат отворени. Но токму во таа мешавина од успеси и недовршена работа, амбасадорката ја гледа реалната динамика на едно општество во развој.

Посебно внимание ѝ посвети на 2025 година, кога Македонија и САД одбележаа три децении дипломатски односи. Таа оцени дека партнерството донело конкретни и мерливи резултати од економијата и енергетската безбедност, преку судските реформи и инфраструктурните проекти, до образованието, заштитата на културното наследство и патот кон евроатлантските структури.

Но надвор од официјалните бројки и политики, највредниот дел од нејзината мисија за Амгер беше човечката страна. Патувањата низ земјата, посетите на училишта, цркви, судници и домови, како и искрените разговори со граѓаните и дури и кога ставовите биле спротивставени и оставиле најсилен впечаток.

Македонија, како што ја опишува Агелер, има нешто „магично“: спој на природна убавина, богата историја, традиции и култури, но и на противречности кои не ја слабат, туку ја зацврстуваат. Таа ја истакнува издржливоста и специфичниот хумор на луѓето, кои опстојуваат и покрај тешките предизвици и болните загуби.

CATEGORIES
Share This