AFD ДО КАНЦЕЛАРОТ МЕРЦ Седнете со Путин, завршете ја војната во Украина

Тој истакна дека Русија не треба да се гледа како непријател и повика на прекин на „воената реторика“.

AFD ДО КАНЦЕЛАРОТ МЕРЦ Седнете со Путин, завршете ја војната во Украина
Фото: Принтскрин

Лидерот на „Алтернатива за Германија“, Тино Хрупала, го повика германскиот канцелар Фридрих Мерц да воспостави директен контакт со Владимир Путин и да бара дипломатско решение за војната во Украина.

Хрупала предупреди дека конфликтот мора да заврши што побрзо, дури и по цена на територијални компромиси. Тој истакна дека Русија не треба да се гледа како непријател и повика на прекин на „воената реторика“.

Средба меѓу Путин и Трамп е закажана за 15 август во Алјаска, каде ќе се разговара за украинската криза.

CATEGORIES
TAGS
Share This