АЕК СУСПЕНДИРАН ДВЕ ГОДИНИ – Алкалоид парично казнет
Првиот финален натпревар во Атина заврши со победа на Алкалоид од 29-25, а откако реваншот не се одигра, ЕХФ на 5 јуни го регистрираше со службен резултат 10-0 во корист на Алкалоид, кој и официјално ја освои титулата.

Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска донесе одлука за двегодишна суспензија на грчкиот клуб АЕК од настапи во европските натпреварувања, поради одбивањето да го одигра реванш натпреварот од финалето на Европскиот куп против Алкалоид во Скопје.
Иако пристигнаа во Скопје, ракометарите на АЕК одбија да излезат на теренот во салата „Борис Трајковски“ на 25 мај, револтирани од бројот на дозволени навивачи на гостинската трибина.
Покрај суспензијата, ЕХФ го казни АЕК и со 20.000 евра.
Казна од 5.000 евра доби и македонскиот тим Алкалоид, поради тоа што, според ЕХФ, не обезбедил доволен број билети за гостинските навивачи.