АДМИНИСТРАЦИЈАТА НА ТРАМП ПОДНЕСЕ ТУЖБА ПРОТИВ КАЛИФОРНИЈА причината е строгите стандарди за производство на јајца

Закони наметнати од Калифорнија преку референдуми во 2008 и 2018 година бараат кокошките да се одгледуваат во услови кои им овозможуваат да се движат, да легнат, да станат и да ги рашират крилјата – стандарди што државата ги смета за основни за хумано одгледување.

АДМИНИСТРАЦИЈАТА НА ТРАМП ПОДНЕСЕ ТУЖБА ПРОТИВ КАЛИФОРНИЈА причината е строгите стандарди за производство на јајца

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба против сојузната држава Калифорнија, обвинувајќи ја дека нејзините строги прописи за хуман третман на кокошките довеле до значителен пораст на цените на јајцата низ целата земја.

Во тужбата се наведува дека Калифорнија ги крши одредбите од сојузниот Закон за надзор на јајца од 1970 година, кој има за цел да обезбеди унифицирани национални стандарди за безбедност, квалитет и пакување на јајцата. Министерството за правда тврди дека само федералната влада има овластување да регулира вакви прашања.

„Калифорнија забранува стандардни земјоделски методи кои овозможуваат пониски производни трошоци и поширока достапност на прехранбени производи“, се вели во соопштението на Министерството.

Закони наметнати од Калифорнија преку референдуми во 2008 и 2018 година бараат кокошките да се одгледуваат во услови кои им овозможуваат да се движат, да легнат, да станат и да ги рашират крилјата – стандарди што државата ги смета за основни за хумано одгледување.

Федералните власти, пак, тврдат дека овие барања се „претерани“ и економски штетни, особено за домаќинствата со пониски приходи, поради зголемувањето на цените на основните прехранбени производи како јајцата.

Случајот отвора ново прашање за надлежностите меѓу федералните и сојузните власти и ги заострува тензиите меѓу администрацијата на Трамп и либералните држави, како што е Калифорнија, кои често носат прогресивни регулативи што влијаат врз националниот пазар.

Од Калифорнија засега нема официјална реакција на тужбата. Се очекува правната постапка да предизвика широка дебата за границите на државната самостојност и влијанието на етичките стандарди врз економската политика.

CATEGORIES
Share This