ИСТОРИСКИ ОКТОМВРИ Додик го носи народот на референдум за големо НЕ
Датумот ќе биде формално утврден во Одлуката за распишување референдум, која ќе биде разгледана на седницата на Народното собрание на Република Српска во петок.

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, денеска соопшти дека референдумот ќе се одржи на 18 или 25 октомври, во врска со одлуката на Судот на БиХ и Централната изборна комисија за одземање на неговиот мандат.
„Поради сите законски процедури не може да се организира референдум во рок пократок од 30 дена. Прашањето ќе биде јасно – дали народот прифаќа Кристијан Шмит и Уставниот суд да го рушат уставниот поредок и да ги заменуваат избраните функционери. Очекувам народот масовно да каже НЕ“, изјави Додик.
Тој нагласи дека станува збор за политичка борба, а не за конфликт:
„Не сакаме тензии, но како политички народ имаме право на став. Тој став ќе го изразиме на начин што светот го разбира – преку референдум“, рече Додик.
Датумот ќе биде формално утврден во Одлуката за распишување референдум, која ќе биде разгледана на седницата на Народното собрание на Република Српска во петок. Тој период овозможува и усогласување на измените на Законот за референдум и граѓанска иницијатива, како и можни постапки пред Советот на народите и Уставниот суд во случај на покренување прашања од витален национален интерес.


