ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ ОСУМ ЛИЦА ЗА ЗЛОУПОТРЕБИ И ПОТКУП – Меѓу нив и шест полицајци
Во обвинението е опфатен и виш инспектор за странци и реадмисија, кој во периодот од јули минатата година до април оваа година овозможил седуммина државјани на Бангладеш и Непал да добијат привремен престој, иако за нив постоеле негативни безбедносни проценки од Агенцијата за национална безбедност.

Државното јавно обвинителство поднесе обвинение против осум лица, од кои шест се полициски службеници, поради злоупотреба на службената положба, противзаконито посредување и примање поткуп.
Според обвинението, првообвинетиот со две лица овозможил на турски државјанин незаконски престој и дозвола за привремен престој, за што добиле 900 евра.
Во случајот е вклучен и виш инспектор кој, и покрај негативни безбедносни проценки, издал решенија за престој на седум државјани од Бангладеш и Непал.
CATEGORIES Македонија


