ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО И ПОСВЕЖО – Дожд и грмежи низ земјава
Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²) и услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.

Фото: Национал
Времето денсска (18.08.) ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи и максимална температура до 32 степени информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²) и услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.
Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.
CATEGORIES Македонија

