ПРОДОЛЖУВА ТОПЛОТНИОТ БРАН – Температури до 40 степени
Македонија и денеска е под влијание на многу топла воздушна маса, со што продолжува серијата сончеви и жешки денови.

Според метеоролозите, времето ќе биде сончево и многу топло, а ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од 12 до 21 степен, додека дневните максимални ќе достигнат меѓу 32 и 40 степени.
Во Скопје, жителите ќе се соочат со слични услови – сончево и многу топло време со слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе изнесува околу 17, а максималната ќе се искачи до 39 степени.
Метеоролозите предупредуваат дека во текот на целата седмица ќе преовладува сончево и топло време, со повремена умерена облачност во текот на денот. Ветерот и понатаму ќе биде претежно од југоисточен правец, со слаб до умерен интензитет.
CATEGORIES Македонија


