„МАЈКО СИЛНА“ НА АЛЕКСАНДАР ТАРАБУНОВ Нова песна на проектот „Македонијо, во срце те носиме
Композицијата, како што вели авторот, долго време „тлеела“ во неговото творештво, а сега е конечно реализирана во рамките на овој значаен музички циклус.
Проектот „Македонијо, во срце те носиме“ продолжува да го поттикнува патриотскиот дух со нова авторска песна – „Мајко силна“ на Александар Тарабунов.
Музиката и текстот се дело на Тарабунов, а во аранжманот учествува и маестро Николче Мицевски. Песната ја истакнува вечната врска меѓу човекот и татковината, спојувајќи традиционален дух и современ звук, и ја продолжува патриотската мисија на проектот.
„Македонијо, во срце те носиме“, под продукција на Скендеровски, има за цел да ја оживее македонската традиција и да ја претстави преку нови музички интерпретации. Досега во рамки на проектот се реализирани изведби како „Не кажувај либе добра ноќ“ (Огнен Здравковски), „Како пиреј“ (Ламбе Алабаковски), „Се собрале комитите“ (Миле Кузмановски), „Ја излези стара мајко“ (Марија Спасовска), „Горда Македонка“ (Зуица Лазова) и други, кои го слават македонското наследство.


