МИНЧЕВ СО ОДГОВОР ДО ДАМЈАНОВСКИ – Не го мешај Максим оти многу работи и премногу е чесен за разлика од вас во СДСМ
Минчев нагласи дека актуелниот лидер на ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, заслужува признание

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, остро реагираше на изјавата на поранешниот градоначалник на Куманово, Зоран Дамјановски – Циц, кој во радио-интерв ју рече дека Бранко Црвенковски ниту ја создал, ниту ја поддржува партијата ЗНАМ, а дека Минчев бил таму од лични, финансиски мотиви.
Во реакцијата Минчев порача:
„Не мешај го Бранко Црвенковски во јаловите обиди да го направиш Мартин Костовски градоначалник на Куманово. Не бива таа работа – и самиот знаеш.“
Тој додаде дека токму Дамјановски е последниот што има право да зборува за туѓи лукративни мотиви, потсетувајќи на 2009 година, кога Дамјановски го напушти СДСМ.
„Друже Циц, знам дека сè уште не можеш да преболиш што јас бев генерален секретар, а Радмила Шеќеринска претседател на СДСМ, кога те исклучивме од партијата поради твоето отсуство на лична храброст да поднесеш исписница. Непристојно е, на твоја зрела возраст, да им правиш ќеиф на Заев и Венко и како некое учениче да ја прифаќаш улогата на носител на негативна кампања против ЗНАМ. Мене ме фаќа срам, а камоли твоите блиски.“
Во продолжение, Минчев нагласи дека актуелниот лидер на ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, заслужува признание:
„Ако можеше ти да бидеш три мандати градоначалник, Максо со целиот свој труд и посветеност сигурно заслужува многу повеќе, затоа што направи повеќе во еден мандат отколку ти во трите мандата заедно.“


