МИЦКОСКИ МУ ВРАТИ НА МЕЏИТИ Убивањето на бранители од заседа не е правична борба

Мицкоски потенцира дека власта треба да се фокусира на донесување инвестиции и создавање подобри услови за сите граѓани, а не на поделби и враќање наназад.

МИЦКОСКИ МУ ВРАТИ НА МЕЏИТИ Убивањето на бранители од заседа не е правична борба
Фото: Национал

Премиерот Христијан Мицкоски денеска, коментирајќи изјава на вицепремиерот Изет Меџити за ОНА при денешната посета на општината Петровец, истакна дека убивањето припадници на полицијата и армијата од заседа не може да се смета за праведна и разумна борба.

Тој додаде дека овие теми се од минатото, затворени со Рамковниот договор и законските измени, и апелира политичарите да се воздржат од нивното повторно отворање.

Мицкоски потенцира дека власта треба да се фокусира на донесување инвестиции и создавање подобри услови за сите граѓани, а не на поделби и враќање наназад.

„Не можеме да дозволиме некој кој кукавички убивал од заседа да биде претставен како дел од праведна и чесна војна, барем во Македонија,“ заклучи премиерот.

CATEGORIES
TAGS
Share This