СУДСКА ОДЛУКА ЗА МАКЕДОНСКИОТ КЛУБ НИКОЛА ВАПЦАРОВ ВО БЛАГОЕВГРАД Нема Македонци туку вештачка нација
Клубот сепак беше отворен на 30 октомври 2022 година, со присуство на македонски политичари, тогашниот лидер на македонската опозиција и сегашен премиер, Христијан Мицкоски како и престедателот на Единствена Македонија Јанко Бачев.

Административниот суд во Благоевград ја потврди одлуката на Комисијата за заштита од дискриминација, отфрлајќи жалба против декларацијата на Советот на Општината. Во декларацијата, отворената македонска културна организација „Никола Вапцаров“ беше оценета како „антибугарска манифестација“.
Декларацијата беше усвоена на 7 октомври 2022 година, со 25 гласа „за“, 4 „воздржани“ и без ниту еден глас „против“. Во неа, советниците наведоа дека „е неспорен историски факт“ оти македонската нација била „вештачки создадена во 1934 година“ и дека единствената причина за нејзиното постоење била „да служи на интересите на болшевичката партија, Советскиот Сојуз и целите на туѓа држава“.
Советот на Општината го смета формирањето на клубот за провокација и прекршување на бугарскиот устав, нагласувајќи дека македонската нација била „вештачки создадена“.
Клубот сепак беше отворен на 30 октомври 2022 година, со присуство на македонски политичари, тогашниот лидер на македонската опозиција и сегашен премиер, Христијан Мицкоски како и претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев – се вели во соопштението на Единствена Македонија.


