ДКСК ДОБИВА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ – Огласот се објавува утре
Кандидатите ќе имаат рок од 10 дена за поднесување на пријави, по што ќе следуваат понатамошни фази од постапката, кои ќе се спроведат согласно роковите и процедурите предвидени во член 12 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.

Собранието на Република Македонија информира дека утре ќе биде објавен јавниот оглас за избор на нов претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Согласно законските одредби, огласот ќе биде објавен во „Службен весник“ и во два дневни печатени медиума.
Кандидатите ќе имаат рок од 10 дена за поднесување на пријави, по што ќе следуваат понатамошни фази од постапката, кои ќе се спроведат согласно роковите и процедурите предвидени во член 12 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.
Оваа одлука следува откако Собранието во петокот го усвои Предлогот за распишување на јавен оглас, по оставката на претходната претседателка Татјана Димитровска. Таа се повлече од функцијата откако Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција покрена обвинение против неа за две кривични дела – оддавање службена тајна на поранешниот директор на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ (обвинет во случајот „Адитив“), и компјутерски фалсификат, поради тоа што ревизор од Државниот завод за ревизија во нејзино име го положил тестот за добивање сертификат за државна тајна.


