ОД 4 ДО 7 АВГУСТ ДЕЗИНСЕКЦИЈА ВО СКОПЈЕ Ќе се прска против комарци
Акцијата ќе се одвива во ноќните часови, од 22:00 до 03:00 часот, и ќе опфати различни локации низ сите општини во главниот град.

Град Скопје ги информира граѓаните дека во периодот од 4 до 7 август 2025 година ќе се спроведе терестрична дезинсекција против комарци на подрачјето на градот. Акцијата ќе се одвива во ноќните часови, од 22:00 до 03:00 часот, и ќе опфати различни локации низ сите општини во главниот град.
Со оваа активност, градските власти имаат за цел да го намалат бројот на комарци и да ја заштитат јавното здравје, особено во летните месеци кога опасноста од комарци и болести кои тие ги пренесуваат е зголемена.
Од Градот посочуваат дека доколку временските услови не дозволуваат извршување на дезинсекцијата, таа ќе биде одложена и ќе се реализира првиот следен ден со поволни услови, во истите часови.
Апел до пчеларите: Надлежните упатуваат апел до сите пчелари навремено да ги преземат неопходните мерки за заштита на пчелите, поради можната штетност од средствата што ќе се користат при дезинсекцијата.
Градските служби ги повикуваат граѓаните на разбирање и соработка во текот на акцијата, со цел поефикасна и побезбедна заштита од комарци за сите жители на Скопје.


