ЈУБИЛЕЈ НА ОХРИДСКО ЛЕТО Гала концерт на оперската дива Ана Дурловски во „Св. Софија“
По повод 65-годишнината на фестивалот „Охридско лето“, вечерва во 21 часот во катедралната црква „Св. Софија“ ќе настапи реномираната сопранистка Ана Дурловски, во пијано придружба на Анахит Тер-Татшатјан.

Дурловски, чие деби беше во Македонската опера, гради богата меѓународна кариера со настапи во Виенската опера, Метрополитен опера, Берлинската и Баварската опера. Добитничка е на наградата „Фауст“ и признание од „Опернвелт“, а настапувала со уметници како Сер Сајмон Ратл и Јонас Кауфман.
Пијанистката Тер-Татшатјан е долгогодишен репетитор и солист со настапи низ Европа и соработка со големи оперски имиња и натпревари, вклучувајќи го и „Гран При Марија Калас“.
CATEGORIES Култура