КРАТКО ПАЃАА ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА – Наггло порасна за над 6%

КРАТКО ПАЃАА ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА – Наггло порасна за над 6%

Глобалните цени на нафтата забележаа значителен раст минатата недела, откако трговските договори постигнати од страна на САД со неколку клучни партнери ја зголемија довербата на пазарите. По двонеделен пад, цената на нафтата се зголеми за повеќе од шест проценти, поддржана од подобрените трговски перспективи, а можеше да порасне и повеќе доколку ОПЕК+ не ги зголемеше производствените квоти.

На лондонскиот пазар, цената на еден барел порасна за 6% и достигна 69,67 долари, додека на американскиот пазар цената се искачи за 6,3% на 67,33 долари за барел. Трговците со нафта во текот на неделата внимателно ги следеа развојот на американските царински политики, со оглед на тоа што новите тарифи треба да стапат на сила во петок.

Претседателот Доналд Трамп во четвртокот потпиша извршна наредба со која се воведуваат царини од 10 до 41 процент на увозот од десетици земји и територии кои не успеаја да постигнат трговски договор до 1 август. Меѓу нив се Канада, Индија и Тајван. Од друга страна, Европската Унија, Јужна Кореја, Јапонија и Велика Британија успеаја навремено да ги финализираат своите договори со САД и ќе бидат изземени од новите тарифи.

Овој развој на настаните внесе доза на стабилност на пазарот и го поттикна оптимизмот меѓу инвеститорите, иако неизвесноста околу глобалната трговија и понатаму останува фактор што може да влијае врз цените на енергенсите.

CATEGORIES
Share This