ПОРАНЕШНИОТ ФУДБАЛЕР НА БАРСЕЛОНА СЕ ПРИДРУЖИ НА ПОРТО – Трансферот на Лук де Јонг ги изненади сите

ПОРАНЕШНИОТ ФУДБАЛЕР НА БАРСЕЛОНА СЕ ПРИДРУЖИ НА ПОРТО – Трансферот на Лук де Јонг ги изненади сите

Поранешниот напаѓач на Барселона и холандската репрезентација, Лук де Јонг, е на чекор до сензационален трансфер во португалскиот гигант Порто. 34-годишниот фудбалер беше блиску до преселба во саудискиот Ал Етифак, но португалскиот клуб се вмеша во преговорите и успеа да го обезбеди неговиот потпис.

Де Јонг во изминатите три сезони го носеше дресот на ПСВ Ајндховен, со кој неодамна ја освои титулата во холандското првенство. По истекот на договорот, тој стана слободен агент. Во последната сезона, искусниот напаѓач забележа 14 голови и 8 асистенции, покажувајќи дека и понатаму е во одлична форма.

Трансферот во Порто би можел да значи нов предизвик во кариерата на Де Јонг, кој има богато меѓународно искуство и настапи за неколку врвни европски клубови.

CATEGORIES
Share This