ТЕМПЕРАТУРА ДО 36°C – Сончев ден со локални врнежи и грмежи попладне

Попладне ќе има изолиран развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи.

Времето денеска (03.08) ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

Попладне ќе има изолиран развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 36 степени.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

CATEGORIES
Share This