СКОПЈЕ СЕ СЕЌАВА: 62 години од катастрофалниот земјотрес од 1963 година

Во трагедијата загинаа 1.070 луѓе, а над 3.000 беа повредени. Урнати беа 15.800 домови, додека речиси 30.000 беа оштетени. Над 200.000 скопјани останаа без покрив над главата.

СКОПЈЕ СЕ СЕЌАВА: 62 години од катастрофалниот земјотрес од 1963 година

Скопје денес одбележува 62 години од разорниот земјотрес што го погоди градот на 26 јули 1963 година во 5:17 часот наутро. Со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала, земјотресот го промени ликот на главниот град засекогаш и зад себе остави трауматични последици за илјадници граѓани.

Во трагедијата загинаа 1.070 луѓе, а над 3.000 беа повредени. Урнати беа 15.800 домови, додека речиси 30.000 беа оштетени. Над 200.000 скопјани останаа без покрив над главата.

Првата помош пристигна од сите краеви на тогашна Југославија, по што светот покажа досега невидена солидарност. Помош за обнова на градот испратија 87 држави од целиот свет, поради што Скопје го доби епитетот „град на солидарноста“.

Годишнината од катастрофата се одбележува со бројни комеморативни настани, изложби и сеќавања, со порака дека трагедијата никогаш не смее да се заборави, но и дека солидарноста и човечноста секогаш ќе останат во сржта на идентитетот на Скопје.

CATEGORIES
TAGS
Share This