НОВИ ПОЖАРИ НИЗ МАКЕДОНИЈА Активни жаришта во девет општини

Надлежните служби и натаму се на терен и апелираат до граѓаните да се воздржат од палење оган на отворено, особено во овие топли и суви летни денови.

НОВИ ПОЖАРИ НИЗ МАКЕДОНИЈА Активни жаришта во девет општини
Фото: Национал

Во изминатите 24 часа, во цела Македонија се регистрирани 33 пожари на отворен простор – информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според најновите податоци, седум пожари сѐ уште се активни, седум се ставени под контрола, а деветнаесет се целосно изгаснати.

Активни пожари се евидентирани во:

  • Општина Василево

  • Општина Радовиш

  • Општина Берово – каде на Малешевските Планини гори нискостеблеста шума, смрека и ниска вегетација

  • Општина Прилеп – кај селото Бешиште

  • Општина Македонски Брод

  • Штип, Кочани, Карбинци и Зелениково

Под контрола се следниве пожари:

  • Во Прилеп – меѓу селата Царевиќ и Смолани

  • Во Македонски Брод – кај селата Локвица, Крапа, Грешница и Латово

  • Во Ресен – кај селото Долно Перово

  • Во Желино

Целосно изгаснати се 19 пожари, и тоа:

  1. Чучер Сандево – кај Делеководите (мешана шума)

  2. Шуто Оризари – два пожари на ул. Брсјачка Буна и Нов Живот бр.10 (ѓубре)

  3. Гази Баба – на ул. 516 бр.6 и ул. Јужноморавски бригади (ѓубре и ниска вегетација)

  4. Студеничани – кај с. Морани и депонијата Дрисла (ниска вегетација и отпад)

  5. Аеродром – ул. Тодор Чангов (ниска вегетација)

  6. Зелениково – с. Смесница (ниска вегетација)

  7. Куманово – три пожари кај с. Речица, ул. Никола Тесла и с. Пчиња (сува трева и ниска вегетација)

  8. Прилеп – кај селата Штавица и Ново Лагово (ниска вегетација)

  9. Македонски Брод – с. Латово, место викано Маркова Стапалка (грмушки и сува трева)

  10. Гостивар – с. Сенакос (ниска вегетација)

  11. Сопиште – с. Ракотици (ѓубре и напуштен објект)

  12. Прилеп – населба Тризла (дива депонија)

  13. Радовиш – с. Подареш (ниска вегетација)

Надлежните служби и натаму се на терен и апелираат до граѓаните да се воздржат од палење оган на отворено, особено во овие топли и суви летни денови.

CATEGORIES
Share This