МВР СО ЗАСИЛЕНИ КОНТРОЛИ За два дена 1.293 сообраќајни казни низ Македонија
МВР најавува дека засилените контроли продолжуваат и наредните денови, со апел до граѓаните за почитување на сообраќајните прописи.

Во понеделник и вторник (21–22 јули), МВР изрече 1.293 казни за сообраќајни прекршоци.
Најмногу санкции се за:
- неприлагодена брзина – 305
- неправилно паркирање – 340
- возење без дозвола – 97
- користење мобилен – 49
- без појас – 47
- без шлем – 85
- минување на црвено – 18
- пешаци – 122
- возење под алкохол – 11
Изречени се и 34 казни за технички неисправни и нерегистрирани возила. Контролите продолжуваат.
CATEGORIES Македонија


