РАСТ НА ТРОШОЦИТЕ ЗА ЖИВОТ, Синдикалната минимална кошница за јули достигна 65.328 денари
Најголем дел од трошоците се однесуваат на храна и пијалоци – 23.682 денари за јули, што е за 515 денари повеќе во споредба со претходниот месец.

Вредноста на синдикалната минимална кошница за јули 2025 година изнесува 65.328 денари, што претставува зголемување од 630 денари во однос на јуни, информира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).
Најголем дел од трошоците се однесуваат на храна и пијалоци – 23.682 денари за јули, што е за 515 денари повеќе во споредба со претходниот месец.
Дополнително, ако се земе предвид трошокот за изнајмување стан од 60 м², вкупните месечни трошоци достигнуваат 80.703 денари.
Од ССМ истакнуваат дека по завршувањето на активните владини мерки, вредноста на кошницата во последните три месеци пораснала за 2.637 денари (4,2%), додека храната и пијалоците се зголемиле за 2.202 денари (10,25%).
Сојузот предупредува дека растот на трошоците сериозно го нарушува стандардот на работниците и бара системски мерки за заштита на животниот стандард.


