ИЗЛОЖБА НА ЗОРАН КАРДУЛА ВО НОБ: „Флора Имагинариум“ – омаж на македонскиот вез

Изложбата е резултат на негова соработка со македонски бренд, со цел да се зачува и пренесе традицијата преку современ визуелен јазик.

ИЗЛОЖБА НА ЗОРАН КАРДУЛА ВО НОБ: „Флора Имагинариум“ – омаж на македонскиот вез
Фото: К. Попов

Во фоајето на Националната опера и балет е поставена изложбата „Флора Имагинариум“, со триесетина нови дигитални дела на графичкиот дизајнер Зоран Кардула, инспирирани од македонскиот вез и традицијата.

Кардула, еден од најпознатите македонски дизајнери и активист за аутизам, ги изработил делата исклучиво со маус. Изложбата е резултат на негова соработка со македонски бренд, со цел да се зачува и пренесе традицијата преку современ визуелен јазик.

Кустосот Маја Чанкуловска-Михајловска од Националната галерија истакна дека делата се одликуваат со грациозност, елегантност и мистичност, прикажувајќи идеализирани женски фигури и флорални мотиви, сместени во простори налик на Едемската градина.

CATEGORIES
Share This