НЕТАНЈАХУ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА – се затру со храна

НЕТАНЈАХУ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА – се затру со храна

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, бил дијагностициран со воспаление на цревата, предизвикано од труење со храна – потврди неговиот кабинет во неделата.

Состојбата на 75-годишниот премиер е стабилна. Тој чувствувал тегоби во текот на ноќта, по што бил прегледан од лекар во својот дом. По кратка медицинска пауза од три дена, Нетанјаху ќе продолжи со своите работни обврски од дома.

Ова не е првпат Нетанјаху да се соочи со здравствени предизвици. Минатата година му беше извршена операција на простата и хернија, а во 2023 година му беше вграден пејсмејкер.

Израелската јавност внимателно ја следи здравствената состојба на премиерот, кој и понатаму останува централна фигура на политичката сцена во земјата.

CATEGORIES
Share This