ЈАМАЛ ЈА ПРЕЗЕМА „ДЕСЕТКАТА“ – Барселона со нов рекорд во продажба на дресови

ЈАМАЛ ЈА ПРЕЗЕМА „ДЕСЕТКАТА“ – Барселона со нов рекорд во продажба на дресови

Младиот бисер на Барселона и шпанската репрезентација, Ламин Јамал, официјално ја презеде легендарната „десетка“ – потег што предизвика вистинска еуфорија меѓу навивачите ширум светот.

По објавата дека ќе ја носи истата бројка што претходно ја носеа икони како Меси и Роналдињо, клубот за само 24 часа продаде над 70.000 дресови со името на Јамал, поставувајќи нов историски рекорд во дневна продажба. Според медиумот COPE, Барселона инкасирала околу 10 милиони евра, а дресовите се испратени во повеќе од 170 земји.

Овој комерцијален успех дури ја надмина продажбата од времето кога беа промовирани ѕвезди како Меси и Нејмар, што дополнително сведочи за феноменот наречен Ламин Јамал.

Со само 17 години, Јамал веќе има 35 настапи во Ла Лига, 9 голови и 13 асистенции – импресивни бројки кои го потврдуваат како идниот лидер на тимот. Барселона ја почнува сезоната со нова надеж – и нова „десетка“, чиј дрес е веќе глобален хит.

CATEGORIES
Share This