СПАСУВАЧКА АКЦИЈА НА ПЕЛИСТЕР – повреден планинар ќе биде евакуиран со хеликоптер

СПАСУВАЧКА АКЦИЈА НА ПЕЛИСТЕР – повреден планинар ќе биде евакуиран со хеликоптер

Екипи на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и Министерството за внатрешни работи (МВР) утрово започнаа заедничка акција за спасување на планинар кој се здобил со повреда при искачување на тежок терен на планината Пелистер.

Според првичните информации, планинарот ја скршил ногата и не може да се движи самостојно. Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, изјави дека веднаш по добивањето на пријавата бил мобилизиран тим за спасување на планина.

Повредениот се наоѓа на непристапен терен, неколку часа пешачење од најблиската точка до која може да се пристапи со возило. Спасувачите се веќе на пат до него, со цел да го имобилизираат, стабилизираат и пренесат до погодна локација за евакуација.

Планирано е лицето да биде подигнато со полициски хеликоптер при што ќе интервенираат и припадници на специјалната единица „Тигар“. Акцијата се одвива под тешки теренски услови и засега се очекува успешна евакуација во текот на денот.

CATEGORIES
Share This