БРОЈКИТЕ ЗБОРУВААТ – Повеќе пари за народот, повеќе правда во системот
На настанот говореа и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и директорот Николовски, кои истакнаа дека резултатите се показател за посветената и ефикасна работа на институциите во изминатиот период.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска, на настанот „Една година резултати“, истакна дека за една година напорна и принципиелна работа, државата повторно се исправува на нозе – институција по институција, систем по систем.
Во рамки на отчетот што го презентираше Царинската управа, Мицкоски посочи дека во изминатата година до Јавното обвинителство и Обвинителството за организиран криминал се поднесени вкупно 181 кривична пријава – што е за 4,5 пати повеќе во споредба со истиот период минатата година.
„Тоа е сигнал дека институциите функционираат, не молчат пред неправдата и преземаат конкретни чекори. Ова е доказ дека државата се буди, системот конечно проработува и ги поставуваме темелите на вистински промени“, рече премиерот.
Тој нагласи дека граѓаните го препознаваат новиот пристап на владеење – посветена работа, без ветувања за чуда, но со јасна визија за правда, отчетност и еднаквост.
Според податоците што ги презентираше директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, во последните 12 месеци се наплатени приходи од над две милијарди евра – што е за 105 милиони евра повеќе од истиот период лани.
„Ова не е случајност, туку резултат на чесно и одговорно раководење, борба против сивата економија и јасна политичка волја – парите да завршуваат кај граѓаните, а не во приватни џебови“, додаде Мицкоски.
Според него, зголемените приходи директно значат повеќе средства за пензии, плати, здравство, инфраструктура и образование.
На настанот говореа и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и директорот Николовски, кои истакнаа дека резултатите се показател за посветената и ефикасна работа на институциите во изминатиот период.


