АМСМ СО АПЕЛ ЗА ВНИМАТЕЛНО ВОЗЕЊЕ – Зголемена фреквенција на граничните премини

На ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути.

АМСМ СО АПЕЛ ЗА ВНИМАТЕЛНО ВОЗЕЊЕ – Зголемена фреквенција на граничните премини
Фото: Национал

Денеска (14.07.) интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен – информираат од Автомото сојузот на Македонија.

На ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува внимателно возење и прилагодување на брзината на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

CATEGORIES
Share This