СПРЕЧЕН ПОЖАР МЕЃУ КАДИНО И МИЛАДИНОВЦИ – приведени две лица кои палеле кабли

На 10 јули 2025 година, околу 15:30 часот, при редовна патрола на патниот правец помеѓу Кадино и Миладиновци, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје забележале црн дим. При проверката, затекнале две лица како палат кабли во близина на сува трева и отпад, на локација која претставува дива депонија.
Со навремена интервенција, полициските службеници успеале да го спречат ширењето на пожарот, кој бил локализиран и целосно изгаснат.
Идентификувани се две лица: И.Б. (39) од Куманово и А.Б. (31), кои се лишени од слобода и пренесени во Полициската станица Гази Баба. За случајот е известен јавен обвинител и ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните да не палат отпад или други материјали на отворено, особено во услови на високи температури и зголемен ризик од пожари.


