ПОЖАРИ ВО СКОПСКИОТ РЕГИОН затворени патишта и граничен премин

МВР во координација со други надлежни институции презема мерки за гаснење на пожарот, а до целосно нормализирање на состојбата, апелираат граѓаните да не се упатуваат кон овој регион.

ПОЖАРИ ВО СКОПСКИОТ РЕГИОН затворени патишта и граничен премин

Поради разгорување на пожарите во околината на Скопје, од 17 часот денеска е затворена за сообраќај скопската обиколница на делницата од клучка Арачиново до клучка Приштина, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).

Министерството за внатрешни работи претходно информираше дека целосно е прекинат и сообраќајот на патниот правец Скопје – граничен премин Блаце, во двата правца. Истовремено, затворен е и самиот граничен премин Блаце.

МВР во координација со други надлежни институции презема мерки за гаснење на пожарот, а до целосно нормализирање на состојбата, апелираат граѓаните да не се упатуваат кон овој регион.

Јавноста ќе биде навремено информирана за сите промени поврзани со движењето и сообраќајот.

CATEGORIES
Share This