ОД НИВА ДО ТРПЕЗА – Македонското е најдобро
Официјалната презентација на кампањата се очекува во наредните десетина дена.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја најави новата кампања „Македонско најдобро“, чија цел е да ја подигне свеста кај граѓаните за значењето на купувањето домашни земјоделски производи и преработки.
Министерот Цветан Трипуновски истакна дека со изборот на македонски производи се поддржуваат земјоделците, преработувачите и домашната економија.
„Купувајќи македонски земјоделски производи, директно го поддржуваме трудот на нашиот земјоделец, го зајакнуваме агросекторот и придонесуваме кон економски развој“, рече Трипуновски.
Како дел од кампањата, ќе се воспостави нова дигитална платформа што ќе ги поврзува производителите, преработувачите и потрошувачите. Платформата ќе нуди: Лесен пристап до информации за производи и продажни локации, регистар на производители по тип на производство и подобра евиденција и следење на земјоделското производство.
Граѓаните, со само еден клик, ќе можат да најдат и купат домашни производи, што ќе придонесе за посилна локална економија и развој на руралните средини.
Официјалната презентација на кампањата се очекува во наредните десетина дена.


