ШУМИТЕ ПОД ОГАН Пожари во Прилеп, Македонски Брод и Чашка
Надлежните служби се на терен и активно работат на локализација и гаснење на активните пожари.

Денеска (05.07) до 13 часот на територијата на државата се евидентирани вкупно осум пожари на отворен простор, од кои четири се сѐ уште активни:
Активни пожари има во : Прилеп (с. Бешиште) како пожар од приземен тип во квалитетна мешана шума. во Македонски Брод (с. Црешнево, м.в. Церо Поле) каде гори деградирана дабова шума и грмушки, во Чашка има шумски пожар под Солунска Глава, меѓу местата наречени Изворите на Бабуна и Бабина Дупка кој моментално нема активен пламен, но има чад на карпест терен и во Велес присутен како пожар во ниска вегетација.
Изгаснати се пожарите во Врапчиште (с. Врањовци) каде се појави пожар во ниска вегетација и ѓубриште, Липково (с. Лојане) кој имаше зафатено ниска вегетација и стрниште, Карбинци (с. Радање) каде имаше пожар во посеана житна површина и ниска вегетација и Арачиново (с. Орланци) каде е изгаснат пожарот во ниска вегетација и отпаден материјал.
Надлежните служби се на терен и активно работат на локализација и гаснење на активните пожари.


