РАЗОЧАРАН ОД ФИЛИПЧЕ НО МОТИВИРАН – Костадинов се враќа меѓу народот

Од следната недела започнувам народна кампања - 365 дена со вас.

РАЗОЧАРАН ОД ФИЛИПЧЕ НО МОТИВИРАН – Костадинов се враќа меѓу народот
Фото: Фејсбук

Струмички градоначалник, Костадин Костадинов после „замрзнувањето“ на неговото членство во СДСМ откако лидерот Венко Филипче не го кандидираше за уште еден мандат најави кампања со луѓето. Костадинов пишува на фејсбук дека кампашњата ќе трае 365 дена.

Од следната недела започнувам народна кампања – 365 дена со вас.
365 дена со луѓето!
Не кампања на зборови, туку на дела.
Не кампања на ветувања, туку на покажување.
До сега бев секој ден, секој час со вас – на улиците, во селата, на пазарот, во дворовите, во училиштата, на градилиштата.
Но сега е време да ви го презентирам сето она што чесно, посветено и со љубов го имам сработено.
Јас и мојот тим – 365 дена со народот.
Нема фотелји, нема привилегии – само служба, чесност и резултати.
Ова не е почеток на политичка кампања.
Ова е продолжение на животната мисија: да се служи на народот со срце, ум и одговорност.
Ќе бидеме таму каде што сме секогаш – меѓу народот.
Ваш,
Коста Костадинов

Исто така, Костадинов упати јавен повик до сите граѓани да се приклучат во процесот за формирање независни советнички листи за претстојните локални избори. Оваа иницијатива, како што вели, е поттикната од „сѐ поголемиот интерес и секојдневните пораки за негова независна кандидатура за градоначалник“.

Од средбите со граѓани, здруженија и месни заедници произлегле две клучни иницијативи: Советничка листа за турската и ромската заедница со цел достоинствено и јасно претставување на овие значајни етнички заедници во локалната власт. Костадинов најави отворен дијалог со сите политички субјекти и здруженија кои сакаат заеднички настап како и советничка листа за визија и развој која ќе биде насочена кон политики за напредок и развој на Струмица и населените места во општината.

„Простор има за сите – без разлика дали сте лекар, земјоделец, бизнисмен, професор, уметник или ученик. Нема мали или големи луѓе кога се работи за голема идеја. Ако имате визија за подобра Струмица – јавете се“, повика Костадинов.

Процесот ќе се одвива анонимно, преку индивидуални средби и со отвореност кон сите мислења. Костадинов подвлече дека ова не е политика против некого, туку политика „за нешто“ – за разум, достоинство и еднаква шанса за сите.

Секој што сака да биде дел од нова, чесна и визионерска приказна, може да испрати порака. Во следните недели ќе следуваат состаноци, разговори и дефинирање на насоките. Одлуката за независна кандидатура за градоначалник ќе биде објавена јавно наскоро.

CATEGORIES
TAGS
Share This