ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ПОВТОРНО РАСТАТ, највисоки во последните две години

Во споредба со јуни 2024 година, индексот е повисок за 5,8%. Главни двигатели на растот се поскапувањето на месото и растителните масла, кои го надоместиле падот на цените на шеќерот и житарките.

ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ПОВТОРНО РАСТАТ, највисоки во последните две години

Цените на храната ширум светот се искачија блиску до највисокото ниво во последните две години, покажува најновиот извештај на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите Нации (ФАО). Во јуни, индексот на цените на храната изнесувал 128,0 поени – зголемување од 0,5% во однос на мај и речиси идентичен со врвот од април.

Во споредба со јуни 2024 година, индексот е повисок за 5,8%. Главни двигатели на растот се поскапувањето на месото и растителните масла, кои го надоместиле падот на цените на шеќерот и житарките.

Растителните масла бележат најголем скок, со зголемување од 2,3% во однос на претходниот месец. Овој раст се припишува на засилената побарувачка во биогоривната индустрија. Сепак, сончогледовото масло забележа благо поевтинување поради стабилните приноси од црноморскиот регион.

Според аналитичарите на ФАО, ваквиот тренд укажува на зголемена нестабилност на пазарот на храна, особено поради климатските предизвици, геополитичките тензии и порастот на трошоците за енергија и транспорт.

CATEGORIES
Share This