ОБВИНИТЕЛСТВО ПОДНЕСЕ ОБВИНЕНИЕ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО – побаран продолжен притвор за насилникот
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против 54-годишен маж за кривично дело „Телесна повреда при вршење семејно насилство“, согласно член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Настанот се случил на 20 јуни во семејниот дом на улицата „Бутелска“, каде што обвинетиот, во алкохолизирана состојба, физички ја нападнал својата сопруга. Тој прво ја навредувал, а потоа ја удрил со чадор по главата, ја давел и продолжил да ја удира по телото. Жртвата, иако повредена, успеала да побегне од куќата и да повика полиција.
Обвинителот оцени дека и натаму постојат услови за притвор и предложи негово продолжување, со цел обезбедување на непречено водење на постапката и заштита на жртвата.
CATEGORIES Македонија