САД И КИНА СЕ ДОГОВОРИЈА забрзана испорака на ретки земни метали на американскиот пазар

Двете страни договорија дополнителна рамка за спроведување на женевските обврски, со цел да се стабилизира синџирот на снабдување и да се обнови економската соработка.

САД И КИНА СЕ ДОГОВОРИЈА забрзана испорака на ретки земни метали на американскиот пазар

САД и Кина постигнаа договор за забрзана испорака на ретки земни метали во американскиот пазар – потег што се смета за чекор напред во ублажување на трговските тензии меѓу двете економски сили.

Претседателот Доналд Трамп потврди дека договорот е потпишан во средата, без да открие детали, и најави можност за посебен трговски договор и со Индија.

Кина, која во мај во Женева се обврза да ги укине дел од нетарифните контрамерки, претходно ги суспендираше испораките на критични минерали како одговор на новите американски царини. Ова ги погоди индустриите за електроника, автомобили, одбрана и авијација.

Двете страни договорија дополнителна рамка за спроведување на женевските обврски, со цел да се стабилизира синџирот на снабдување и да се обнови економската соработка.

CATEGORIES
Share This