ПРОНАЈДЕН ПОЧИНАТ 32-ГОДИШЕН МАЖ ВО СКОПЈЕ, истрагата во тек
Случајот бил пријавен во понеделникот, на 23 јуни, во 21:25 часот во СВР Скопје. Починатото лице е идентификувано како Љ.И. од Скопје.

Маж на возраст од 32 години бил пронајден мртов во својот стан во скопската општина Карпош, потврди Министерството за внатрешни работи.
Случајот бил пријавен во понеделникот, на 23 јуни, во 21:25 часот во СВР Скопје. Починатото лице е идентификувано како Љ.И. од Скопје.
На местото на настанот интервенирала екипа од Итната медицинска помош, која ја констатирала смртта. По насоки на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција за да се утврдат точните причини за смртта.
Од МВР велат дека засега не се откриваат дополнителни детали и дека истрагата е во тек. Полицијата работи на целосно расчистување на околностите под кои настапила смртта.


