СУДОТ ПРЕСУДИ Доживотен затвор за убијците на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, таткото на Вања ослободен од обвинение

Казната според Кривичниот законик е од 10 години до доживотен затвор.

СУДОТ ПРЕСУДИ Доживотен затвор за убијците на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, таткото на Вања ослободен од обвинение

Судот во Скопје денеска изрече доживотни казни затвор за Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, обвинети за грабнувањето и убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски.

Судијата Ивица Стефановски ја изрече пресудата во Основниот кривичен суд по речиси 40 одржани рочишта, во процес кој траеше десет месеци. Обвинителките Жаклина Крстевска Јосифовска и Ана Стојковиќ Димитровска во завршните зборови посочија дека за ваквите свирепи злосторства нема олеснителни околности и побараа максимална казна.

Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања, беше ослободен од обвинението за соучесништво, а судските трошоци за него ќе ги покрие државата.

Семејствата на убиените се упатени на граѓанска постапка за побарување отштета.

Случајот ги потресе македонската јавност и беше оценет како едно од најтешките злосторства во поновата историја на земјата.

CATEGORIES
TAGS
Share This