СО ДЕНОВИ СДС ШИРАТ ЛАГИ И НЕВИСТИНИ – Јавно нека кажат кои се тие 6 милијарди евра нов долг?

Затоа, СДС го замолуваме следен пат да не ја лаже и манипулира јавноста. Поради нив и нивното владеење, ние веќе една година ги градиме темелите на промените. И не запираме - продолжуваме!

СО ДЕНОВИ СДС ШИРАТ ЛАГИ И НЕВИСТИНИ – Јавно нека кажат кои се тие 6 милијарди евра нов долг?
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Еве во последното соопштение, велат дека сме ја задолжиле државата за нови 7 милијарди евра, веројатно за една, говорат за оние 500 милиони што ги земавме за да ги вратиме нивните долгови, и 500 милиони за бизнисите и општините, по најповолни каматни стапки и грејс период од 3 години.

Но, каде се другите 6 милијарди евра? Едноставно не постојат.

6 милијарди евра, господа од СДС, ќе ни бидат овозможени да ги земеме преку стратешкиот договор со Обединетото Кралство, меѓутоа, сè уште не сме потпишале некаков кредит.

Доколку за одредени проекти, не ни одговараат сумите, каматните стапки или годините за враќање, тоа нема ни да се случи.

Затоа, СДС го замолуваме следен пат да не ја лаже и манипулира јавноста. Поради нив и нивното владеење, ние веќе една година ги градиме темелите на промените. И не запираме – продолжуваме!

CATEGORIES
Share This